ТЕНИС

НАДАЛ ГО ОСВОИ МАСТЕРСОТ ВО МОНТЕ КАРЛО

17 April, 2016 - 18:59

После двегодишна пауза,Рафеал Надал освои турнир од Мастерс серијата.Шпанскиот тенисер во денешното финале во Монте Карло го победи Гаел Монфис со 2-1 во сетови.На пат кон деветтата титула во Монако,Надал одигра одлично во третиот сет што го освои без загубен гејм,откако на воведните два сета,финалистите поделија некулку брејка, имаа 1-1 по идентични 7-5 за Рафа во првиот, и на Монфис во вторито сет.Мечот за титула  траеше 2.45.минути.Рафел Надал во јубелејното 100-то финале во кариерата се избори за   28 Мастерс со што се изедначи со водечкиот светски рекет Новак Ѓоковиќ  и го освои вкупно 68 турнир,што за него е добра најава за сезоната  на земјена подлога.

Веста е прочитана 281 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.