ТЕНИС

НАДАЛ ЈА ОСВОИ БАРСЕЛОНА И ГО ИЗРАМНИ РЕКОРДОТ НА ВИЛЈАС

24 April, 2016 - 20:55

Рафаел Надал го симна од тронот Јапонецот Кеи Нишикори и деветти пат во кариерата славеше на АТП турнирот во Бареслона од серијата 500. Шпанецот против бранителот на титулата славеше во финалето со максимални 2:0 или по сетови 6:4 и 7:5 за нешто повеќе од два часа игра.

По Монте Карло, Надал по подолго време врза две турнирски победи или вкупно за него ова беше 49 во кариерата на земја со која го израмни рекордот на легендарниот Аргентинец Гиљермо Вилјас.

Веста е прочитана 290 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.