ТЕНИС

НАЈДОБАР РАНГ ЗА ЃОРЧЕСКА ВО КАРИЕРАТА - 277 МЕСТО

18 April, 2016 - 14:02

Лина Ѓорческа направи голем скок од 34 места и сега е 277, првпат под 300, на најновата ВТА ранг листа што воедно е нејзин најдобар пласман во кариерата. Овој напредок македонска тенисерка го обезбеди по одличниот настап на фјучерсот во Истанбул каде застана во полуфиналето и од кое профитираше со 32 поена.

Ова е за првпат македонската тенисерка да биде рангирана под 300 место, што значи дека ќе може да учествува и на турнири со поголем награден фонд, а притоа да не игра во квалификации.

На врвот од ранг листата нема промени во топ 5. Американката Серена Вилијамс и натаму е прва, пред Пољакињата Агњешка Радванска, Германката Анжелик Кербер, Гарбине Мугуруза од Шпанија и Белорусинката Викторија Азаренка.

Веста е прочитана 219 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.