ФУДБАЛ

НЕСТОРОВСКИ ОСЛОБОДЕН ОД ОБВРСКИТЕ ЗА ПРИЈАТЕЛСКИОТ МЕЧ СО НОРВЕШКА

4 November, 2017 - 19:06

Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски по барање на неговиот клуб Палермо е ослободен од обврските за пријателскиот меч на Македонија  со Норвешка закажан на 11 ноември.

 

Голгетерот и капитен на Палермо ќе биде дел  од дербито во  Серија Б, против Кремонезе на 12. ноември. Претседателот на италијанскиот клуб,Маурицио Ѕампарини   изрази благодарност до ФФМ .Несторовски синоќа постигна гол во ремито на Палермо кај Пескара од 2-2.Екипата од Сицилија има бод помалку на табелата од лидерот Фросиноне.

Веста е прочитана 232 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.