ФОРМУЛА 1

НИКО РОЗБЕРГ НА ПОЛ ВО СОЧИ ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА РУСИЈА

10 October, 2015 - 16:37
Возачот на Мерцедес, Нико Розберг ќе стартува од пол-позицијата на трката од шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Русија. До четвртата пол-позиција оваа сезона, Розберг на денешните квалификации  стигна со три десетинки побрзо време пред клупскиот колега Луис Хамилтон. Од вториот ред како третопласиран на главната трка ќе стартува Валтери Ботас од Вилијамс, а до него ќе биде Себастијан Фетел од Ферари. Во првите десет се уште и: Кими Раиконен, Нико Хулкенберг, Серхио Перез, Роман Грожан, Макс Ферстапен и Даниел Рикардо. Главната трка во Сочи ќе почне утре во 13 часот.
Веста е прочитана 215 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.