ФОРМУЛА 1

НИКО РОЗБЕРГ ПОБЕДИ ВО МОНАКО

24 May, 2015 - 17:14

Возачот на Мерцедес Нико Розберг победи на денешната трка за Големата награда на Монако. До ваков расплет дојде откако во 64. круг дојде до судар меѓу Ферстапен и Грожан, па мораше безбедносното возило да се појави на патеката.

„Мерцедес“ во тие моменти водечкиот Луис Хамилтон го повлече во пит-стопот за промена на гумите. Хамилтон потоа излезе како трет зад Розберг и Себастијан Фетел и така ја загуби шансата за победа иако водеше во целиот тек на трката до тој момент.

До крајот на трката немаше промена во редоследот, Розберг ја оствари втората победа сезонава, а Фетел од Ферари е втор, пред Хамилтон, кој беше трет и многу лут.

Данил Квајт заврши на 4. место, а Даниел Рикиардо го освои 5. место, додека Кими Раиконен беше шести.

Во генералниот пласман Хамилтон остана на првата позиција со 126 бодови, пред Розберг со 116, Фетел има 98, а Раиконен 60.

Кај конструкторите Мерцедес е прв со 242 бода, пред Ферари со 158, а Вилијамс има 81. 

 

Веста е прочитана 168 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.