ТЕНИС

НОЛЕ СО НОВИ РЕКОРДИ ПО ТРИУМФОТ ВО МАЈАМИ, ГИ ПРЕСТИГНА НАДАЛ И ФЕДЕРЕР

3 April, 2016 - 22:29

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ продолжува да бележи неверојатни успеси и да реди рекорди. Првиот рекет во светот по шестти пат во кариерата, а трет во низа, триумфираше на турнирот во Мајами од Мастерс серијата. Рекордната 28 титула од популарните „илјадарки“ со која го престигна Шпанецот Рафаел Надал, ја обезбеди откако во финалето славеше против Јапонецот Кеи Нишикори кого го совлада рутинирано во два сета, со идентични 6:3 за еден час и 27 минути игра.

Со шестиот триуф на Флорида се израмни со Андре Агаси на вечната листа по бројот на победи, а стана и првиот тенисер кој врза четири титули од Индијан Велс и Мајами. Наградата за 63 титула во кариерата од еден милион и нешто повеќе од 28 илјади долари го направи најплатен тенисер во историјата со заработка само од турнирите која сега изнесува 98.199.548 долари, потиснувајќи го Швајцарецот Рожер Федерер на второто место. 

Веста е прочитана 228 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.