КОШАРКА

НОВ НЕУСПЕХ НА МЗТ, ВО ЗАГРЕБ ПОРАЗЕН ОД ЦЕДЕВИТА

6 October, 2016 - 19:54

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и третиот пораз во регионалната кошаркарска АБА лига. По дебаклите со Црвена Звезда во Белград и Партизан во Скопје, екипата на МЗТ Скопје го загуби и натпреварот од третото коло одигран во Загреб, каде беа совладани од Цедевита убедливо со 82:61 (25:18, 13:14, 18:16 и 26:13).

Кај победничката екипа четворица кошаркари средбата ја завршија со двоцифрен број на поени, а најмногу 21 постигна Миро Билан.

Во редовите на „аеродромци“ само Шарлон Клоф со 16 и македонскиот репрезентативец Марко Симоновски со 15 поени имаа двоцифрен број на поени.

Веќе во недела МЗТ Скопје го очекува нов натпревар и против втората загрепска екипа, Цибона, која гостува во Скопје.

Утре, вториот македонскиот претставник во АБА, Карпош Соколи, ќе се обиде да ја оствари првата победа во својата дебитантска сезона и тоа на гостувањето во Црна Гора кај Морнар. 

Веста е прочитана 292 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.