ФУДБАЛ

НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА ЈА ПОБЕДИ ЦРНА ГОРА СО 2-0

24 March, 2017 - 17:50

Македонската фудбалска селекција до 21 година ги победи врсниците од Црна Гора со 2-0.Пријателскиот меч се одигра на тренинг центарот на ФФМ’’ Петар Милошевски’’ и беше последен филтер за селектирање на фудбалери кои ќе го понесат товарот во циклусот квалификации за ЕП во Италија што ќе се одржи 2019 година.Стрелци на головите беа Елмаз во 31 минута и Чешмеџиев од пенал во 74-та.Покрај подготовките  за новата генерација,селекторот Благоја Милевски парално работи и со играчите кои  изборија историски  пласман на ЕП во Полска.Кон златната генерација  за пријателскиот меч со Бугарија закажан за 28 март во Скопје ќе се приклучат и неколкумина играчи од А репрезентацијата. 

Веста е прочитана 845 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.