ЕВРОЛИГА

ОДБОЈКАРИТЕ ДОМИНАНТНО ЈА ПОРАЗИЈА АВСТРИЈА

1 August, 2015 - 19:00

Македонската одбојкарска репрезентација ја постигна четвртата победа во групата од Европската лига откако попладнево ја совлада Австрија со 3:0 на домашен терен во сетови во СЦ „Борис Трајковски“. Со овој триумф нашите одбојкари ги задржаа шансите за пласман на завршниот турнир во Полска од ова натпреварување.

Во првите два сета избраниците на селекторот Жарко Ристоски одиграа можеби најдобро оваа сезона, па ривалот беше во целост надигран и сетовите завршија со 25:18 и 25:17. Нешто понеизвесно беше во третиот сет кога противникот водеше и со четири поени разлика (17:13), но со серија од 5:0 Македонија поведе. Во завршницата Австрија имаше сет топка (24:23), која нашите одбојкари ја одбранија, а потоа со уште два поена го добија сетот со 26:24.

Најдобар поединец на дуелот беше Јовица Симовски. Македонија и Австрија утре ќе одиграат уште еден натпревар во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19 часот.

Веста е прочитана 188 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.