ЕВРОПСКА ЛИГА:

ОДБОЈКАРИТЕ И СЕ РЕВАНШИРАА НА ДАНСКА, ГИ ОСВОИЈА ТРИТЕ БОДА

26 July, 2015 - 22:02
Одбојкарската репрезентација на Македонија ја забележаа третата победа во годинашното издание од Европската лига, прва во дуелите со Данска, реванширајќи и се за саботниот пораз на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“. Најдобрите одбојкари славеа со 3:1 (25:16, 22:25, 25:18, 26:24). Во последниот сет при резултат 24:23 за момент снема струја во СЦ „Борис Трајковски“ по што следуваше десетминутен прекин кој за среќа не се одрази лошо на домашните одбојкари. На првиот денешен натпревар Естонија ја победи Австрија со 3-2. Токму Австрија следниот викенд е противник на Македонија на нови два натпревари и повторно на домашен терен. Табела А група:  1.Естонија 17 бодови,2.Полска 10,3.Македонија 10,4.Австрија 9,5.Данска 5,6.Израел 3.
Веста е прочитана 223 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.