ОДБОЈКА

ОДБОЈКАРИТЕ ЈА СОВЛАДАА ПОЛСКА

7 August, 2015 - 20:57
Македонската одбојкарска репрезентација постигна нова победа во Европската лига откако вечерва ја совлада Полска на гостински  терен со 3:2 во сетови. Со овој триумф Македонија се проби на втората позиција на табелата во групата и со тоа ги задржа шансите за пласман на второто место и учество на завршниот турнир. Резултат по сетови: 26:24; 22:25; 24:26; 25:20 и 15:12. Македонските одбојкари поведоа со 1:0, а потоа противникот го презеде водството со 2:1 во сетови. Во продолжението повторно избраниците на селекторот Жарко Ристоски беа сигурни и успеаја да изедначат на 2:2. Во решавачкиот сет Македонија ги искористи своите шанси и ги казни грешките на противникот. Полска и Македонија ќе одиграат утре уште еден натпревар со почеток од 17 часот. 

Со овој триумф  нашата репрезентација ги задржа шансите за пласман на завршниот фајнлфор-турнир, но  ќе биде потребно  утре  да ја совлада Полска со максимални 3-0, а Словенија два пати да ја совлада Грција. 

Веста е прочитана 236 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.