ОДБОЈКА

ОДБОЈКАРИТЕ ПОВТОРНО ПОРАЗЕНИ ОД ЕСТОНИЈА

11 July, 2015 - 21:19

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија повторно поразена од Естонија во Европската лига, за разлика од вчера, нашиот национален тим вечерва освои еден сет  и мечот го заврши со пораз од 3:1. Сите три сета Естонија ги доби со резултат 25:21, нашата селекција го совои третиот сет со 29:27 кога намаливме на 2:1. 

Селекцијата на Македонија следниот натпревар во рамки на Европската лига го игра на домашен терен, следната сабота ( 18.07 ) кога за противник го има националниот тим на Израел со кого во Скопје ке играме и во недела, саботниот меч се игра со почеток од 19:15 часот, неделниот од 16:30 часот во салата на СЦ „Борис Трајковски“.

Нашата репрезентација ја брани бронзата од лани, за да стигнеме до полуфиналето , потребно е да се освои едно од првите две места во групата.

Веста е прочитана 238 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.