ОДБОЈКА

ОДБОЈКАРИТЕ СТАРТУВАА СО ПОРАЗ КАЈ ЕСТОНИЈА

10 July, 2015 - 22:38
Македонската одбојкарска репрезентација со пораз на гости кај Естонија го почна годинашново издание од Европската лига. Естонија постигна победа од 3:0 (25:9; 25:19 и 25:18) 90 минути.  Во првиот сет домаќинот Естонија доминираше и нашиот тим освои само девет поени. Во вториот и третиот сет нашите одбојкари беа за нијанса подобри, но далеку од шанса да бидат поконкурентни.  Двете репрезентации утре ќе одиграат уште еден натпревар повторно во Парну со почеток во 19 часот. 
Веста е прочитана 171 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.