ЕВРОЛИГА

ОДБОЈКАРИТЕ ЗАВРШИЈА СО СРЕБРО, СЛОВЕНИЈА ЈА ОСВОИ ТИТУЛАТА

14 August, 2015 - 23:02

Македонската одбојкарска репрезентација го освои второто место во Европската лига откако загуби од Словенија со 3:0 (25:21, 25:20 и 25:17) во финалето на фајнал фор турнирот во Полска. Најдобрите одбојкари го подобрија резултатот од лани кога беа третопласирани со учеството во полуфиналето.

Избранбиците на селекторот Жарко Ристоски не се искачија на врвот од Европа, но не раозчараа бидејќи вчераниот полуфунален триумф над Естонија ги исцрпи спортските херои по шт не можеа да го дадат својот максимум на мечот против подобриот противник Словенија, која за првпат во својата историја ја освои титулата.

Македонија го доби признанието за фер плеј во овогодишното издание од Европската лига, а во најдобриот тим од ЕЛ 2015 влегоа двајца македонски одбојкари, најдобриот поентер Јовица Симовски како коректор и како примач капитенот Никола Ѓоргиев. МВП на 12 издание од Европската лига е избран техничарот на Словенија Дејан Винчиќ.

Во дуелот за третото место Полска ја победи Естонија со 3:0 во сетови. 

Веста е прочитана 326 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.