РАКОМЕТ

ОФИЦИЈАЛНО, МАКЕДОНИЈА Е 15-ТА НА СП ВО ФРАНЦИЈА

23 January, 2017 - 18:36

Нашата репрезентација која  во осминафиналето загуби од Норвешка со 34-24,учеството  на 25 СП го заврши официјално  на 15 позиција.

 

Новина  во рангирањето на ИХФ  во однос на претходниот шампионат, е тоа што се сметаат резултати  од  натпреварите со првите 4-ри екипи од групната фаза,каде Македонија освои само еден бод од ремито со Исланд.Бодовите од победите  над Тунис и Ангола не се калкулираат ,така што Исланд иако имаше бод помалку  од Македонија во развсрска на Б групата,поради подобра гол разлика заврши на 14.место.Германија е 9,Данска 10, следат ,Белорусија ,Русија и Египет.Зад  Исланд и Македонија, од поразените во осминафиналето единствено е Бразил како 16-сети.На СП учестуваат 24 селекции.Највисок пласман на мундијалите,нашите ракометари  имаа пред две години  во Катар кога  го освоија 9 место.Во Шпанија  2013,Македонија беше 14,во Хрватска 2009 година, 11-та а на дебито на СП-ва во 1999 година,Македонија не ја мина групната фаза и заврши како 18-та репрезентација  на светот

Веста е прочитана 1326 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.