АТЛЕТИКА

ПАНДЕВ 53-ТИ НА 100 МЕТРИ

22 August, 2015 - 18:35
Македонскиот атлетичар Ристе Пандев настапот на Светското првенство во атлетика го заврши на 53.место во вкупна конкуренција во рамките на дисциплината 100 метри. Тој попладнево во квалификациите истрча резултат - 11.31 секунда. Ова за Пандев беше втора трка денеска откако успеа да ги мине елиминациите и да се квалификува во втората фаза. Претпладнево истрча 10.94 секунди. Инаку најбрз во квалификациите беше Американецот Џастин Гетлинг (9.83), додека светскиот рекордер и бранител на титулата Усеин Болт имаше петто време (9.96).
Веста е прочитана 267 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.