ПЕНЕЗИЌ ИЗБРАНА ВО ТРИТЕ „ЅВЕЗДИ“

13 February, 2017 - 14:35

Андреа Пенезиќ е избрана за една од трите ѕвезди на третото коло, вторпат за неа во Главната фаза од ракометната Лига на шампиони.

Левиот бек на ЖРК Вардар постигна 10 голови во гостинскиот триумф кај Турингер од 31:29 со кој „црвено црнит“ и математички го обезбедија четвртфиналето.

На Хрватската ракометарка, која третпат сезонава е во трите ѕвезди на колото, друштво  и прават Ана Грос од Мец и Жита Сучански од Ференцварош.

Покрај ова признание еден од десетте голови на Пенезиќ се најде во топ 5 најубави односно ЕХФ го избра на позицијата број четири додека најубавиот гол го има втората членка од редовите на македонскиот првак пивотот, Анја Алтхаус.

Веста е прочитана 762 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.