РАКОМЕТ

ПЕНЕЗИЌ ВО ЅВЕЗДИТЕ НА КОЛОТО

30 January, 2017 - 18:27

Андреа Пенезиќ доби индивидуално признание од Медиа тимот на ЕХФ кој ја избра за една од трите ѕвезди на првото коло од Главната фаза во ракометната Лига на шампиони.

Левиот бек со осум голови го предводеше ЖРК Вардар во големиот триумф кај Будуќност од 31:28 против кого во Подгорица ја прекина лошата традиција на противнички терен и ја забележа првата победа во нивните меѓусебни пресметки.

Покрај Пенезиќ ѕвезди на стартното коло се уште Стине Јоргесен од Митјиланд и Ана Грос од Мец.

Веста е прочитана 675 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.