РАКОМЕТ

ПОБЕДНИЧКИ СТАРТ НА МАКЕДОНИЈА,ТРИУМФ НАД ТУНИС ОД 34-30

12 January, 2017 - 21:23

Македонската селекција го отвори со победа своето петто учество на ракометните мундијали.Во 1.коло на шампионатот  во Франција,вечерва нашиот национален тим го совлада Тунис со 34-30.

 

Важната  победа што ги отвара вратите за осминафинале е  остварена во завршните минути ,но извојувана  во исклучително тежок меч по многу борба и жестоки дуели .Битката на ривалите од ланските олимписки квалификации стартуваше со очекуваните новини во играта  кај  Македонија ,но и без поголема предност на двете  страни.Проблемите во одбраната  му овозможија на  Тунис да замине на пауза после првото полувреме со водтвсто од 14-13.Противникот кој имаше расположен голман, влезе во ритам на стартот од вториот дел со серија од три гола за сериозна предност , 20-16 и потоа од 24-20 во 41.минута.Следеше  трпелива игра на македонскиот состав , период во кој се искористија исклучувањата кај Тунис.Кире Лазаров,Манасков ,Стоилов и Георгиевски ја стопија предноста на противникот. Одбраните на Трајковски,грешките на Жалуз овозможија пак фуриозен финиш на составот што го води Лино Червар.Финални 34-30, победа изразена и со високи 4 голови разлика.Капитенот Кире Лазаров  понесе голем дел од одговорноста во нападот реализирајки 12 погодоци.Манасков и Стоилов поделија по 7 ,Миркуловски запиша 3 ,по два гола постигнаа Георгиевски и Талески.Во 2.коло,нашиот тим ќе игра со Ангола,во сабота од 20.45.

Веста е прочитана 1250 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.