Вести Македонија Најважни

Почнува 30-от министерски совет на ОБСЕ, Македонија цела година го организира настанот со сите ресурси

Од денеска до петок во Македонија ќе се одржува 30-от министерски самит на ОБСЕ, на кој ќе присуствуваат голем број делегации и над 1000 учесници, што претставува еден од најголемите настани што некогаш е организиран во земјава.

Денеска Министрите и членовите на нивните делации ќе имаат неформална вечера, на која е најавено присуството на американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Ќе присуствува и шефот за европската дипломатија, Жозеп Борел кој претходно рече дека не би сакал на советот на ОБСЕ седиштето на ЕУ да остане празно. Се уште не се знае дали на нефорамлната вечера ќе присуствува и првиот човек на руската дипломатија Сергеј Лавров, чие присуство е потврдено на официјалниот дел. Неформалната вечера ќе се одржи во хотелот Александар Палас.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека подготовките за овој настан траеле цела година, а во нив покрај МВР се вклучени и голем број други служби. На организацијата на настан од вакви размери што ја има Северна Македонија како актуелен претседавач со ОБСЕ, се гледа како на можност за афирмација на државата и нејзините демократски и организациски капацитети…

 Една од главните точки на советот на министри на ОБСЕ ќе биде и изборот на следен претседавач за идната година… На подготвителниот состанок и постојаниот совет на амбасадори 57 земји постигнаа согласност даја поддржат кандидатурата на Малта како иден претседавач… Информацијата во понеделникот ја објави шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, нарекувајќи ја како „Одлична вест“… Притоа тој и се заблагодари на Малта за подготвеноста да ја преземе ваквата витална улога за Организацијата, но и на сите земји-учеснички и партнери на ОБСЕ за флексибилноста и поддршката… Освен за иднината на ОБСЕ во Скопје претставници на 76 држави ќе разговараат и за актуелните конфликти во светот, а една од темите за кои ќе се организира и одделен настан во рамки на Министерскиот совет, е одговорноста за злосторствата во Украина и ослободување на заробениците…

Состанокот во Скопје кој ќе стартува денеска според најавите се очекува да го следат повеќе од 200 акредитирани новинари и сниматели. Како најголеми делегации се очекува да бидат руската, американската, но и на други поголеми европски држави. Од она што се знае, руската делегација би броела околу 80 луѓе, меѓу кои и 20-на руски новинари.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

48-часовен притвор за двајца од приведените во врска со убиството на лекарот Трпковски

Дејан Дејан

Јуриќ: Како да нема човек што е во близина, а да не е сомнителен во случајот со Данка

Дејан Дејан

Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе