ТЕНИС

ПОРАДИ ПОВРЕДА НАДАЛ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД РОЛАН ГАРОС

27 May, 2016 - 19:29

Шпанецот Рафаел Надал на вонредна прес конференција објави дека се повлекува од вториот грен слем тениски турнир отвореното првенство на Франција што се игра во Париз.

Деветкратниот освојувач на Ролан Гарос, на новинарите им објасни дека поради повредата на левиот рачен зглоб, која подолго време му создава проблеми, решил да се повлече од турнирот.

Шпанецот беше поставен како четврти носител, а по првите две кола забележа две лесни победи против Австралиецот Сем Грот и Аргентинецот Факундо Бањас. Во третото коло требаше да игра против сонародникот Марсело Гранољес, кој без борба ќе мине во осминафиналето.

Според ждрепката Надал во полуфиналето требаше да се сретне со првиот рекет во светот Србинот Новак Ѓоковиќ за кого патот сега е отворен кон освојување на единствената грен слем титула што му недостасува во неговата кариера.

Веста е прочитана 256 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.