КОШАРКА

ПОРАЗ НА МЗТ ОД ГРАН КАНАРИЈА

9 November, 2016 - 21:40

МЗТ Скопје не успеа да ја совлада Гран Канарија и со триумф над шпанската екипа да го одбележи јубелејот  20 години од  големата  клупска победа над Реал Мадрид.Македонскиот шампион претрпе пораз од   75-98.

 

Гостите од Лас Палмас  ја најавија победата уште во првиот дел .Гран Канарија поведе со 24-17 после првата четвртина и додаде уште 11 поени на  крајот од втората за 51-33 на полувремето.Во седум минути од   третиот период МЗТ успеа да анулира дел од негативата но во завршницата и потоа   во последнта четвртина фаворитот  ја врати  двоцифрената разлика за убедлив триумф. Џош Скот очекувано  беше главна фигура кај МЗТ Скопје со 22 поени, Тејмс реализираше 15 поени.,Мекиќ 11. Најефикасен кај Гран Канарија беше Кајл Кјурик со 19 поени.  Поранешните македонски репрезетативци Мекејлеб И Хендрикс имаа просечен настап.Мекејлеб  го заврши мечот со 6 коша  ,Хендрикс за неполни седум минути реализираше три поени.Во следното коло од Еврокупот, МЗТ Скопје на 16 ноември е домаќин на  Лиеткабелис.

Поголемиот дел од славната генерација на МЗТ составена од  Стефанов ,Блажевски, ,Куртовиќ, Михајловски,Нешовиќ,Симиќ ,Димов, и стручниот штаб предводен од тренерот   Александар Књазев ,беше присутна во СЦ Јане Сандански на   свечената церемонија  која клубот   во прославата  од 50 години постоење ја приреди во чест на 6,номври 1996 година кога  екипата од скопски Аеродром го совлада најтрофејниот европски клуб,гигантот  Реал Мадрид.  

Веста е прочитана 398 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.