ОДБОЈКА

ПОРАЗ НА ОДБОЈКАРИТЕ ВО ФИНАЛЕТО НА ЕВРОПСКАТА ЛИГА

2 July, 2017 - 20:53

Македонската машка одбојкарска репрезентација  претпе пораз од  Украина (1-3) во финалниот меч од  Европската лига.

 

Македонските одбојкари и во третиот обид  не успеа да ја освојат Европската лига. Вечерва во финалето на Ф4  турнирот во Данска,македонската селекција претрпе пораз со 3-1  од селекцијата на Украина.

Противникот имаше идеален влез во битка за насловот.Украинците поведоа со 25-15 во првиот сет.Во вториот, после голема борба ,Украина со 25-22  стигна до предност од 2-0 .Неизвесно беше и во третиот сет. Нашиот состав   успеа да го добие со 26-24 и да остане во игра најавувајки   пресврт како во вчерашното полуфинале со Данска,но Украина во продолжение од финалето  ја искористи втората  меч топка и го затвори четвртиот сет со убедливи  25-13,  за 3-1 и  за  освојување на Лигата  .Македонската репрезентација на пат кон финалето  оваа сезона немаше загубено ниту еден меч . Во натпревар  за 3.позиција на турнирот  во Гентофте,Шведска со 3-1 ја надигра Данска,селекцијата на домаќинот.

Веста е прочитана 1509 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.