ЕП „Б“ ДИВИЗИЈА

ПОРАЗ НА СТАРТОТ ЗА КОШАРКАРСКИТЕ ЈУНИОРИ

29 July, 2016 - 22:33

Јунуиорската кошаркарска репрезентација на Македонија (играчи до 18 години) со пораз од Бугарија ги започна натпреварите на Европското првенство (Б дивизија) што денеска стартуваше во Скопје.

По лошото прво полувреме во кое имаа негатива од дури 18 поени разлика „црвено жолтите“ одиграа квалитетно единствено во третиот период и ја намалија негативата на осум поени разлика. Откако не ги искористија можностите да намалат следуваше нов пад во играта што на крајот резулираше со пораз од конечни 69:88.

Во редовите на нашите надежи тројца постигнаа двоцифрен број на поени. Ранко Мамузиќ беше најефикасен со 22 поени, Виктор Ефреовски постигна 17, а Елвис Хот беше стрелец на 10.

Следен противник на Македонија ќе и биде Ирска против која ќе играат утре во терминот од 18 часот и 45 минути

Веста е прочитана 283 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.