ВИМБЛДОН

ПОЗНАТ ПОЛУФИНАЛНИОТ КВАРТЕТ ВО „СЕАНГЛИСКИОТ КЛУБ“ ВО ЛОНДОН

6 July, 2016 - 23:30

Вториот носител на Вимблдон, Енди Мареј успеа да се пласира во полуфиналето откако со 3-2 во сетови го победи Жо-Вилфред Цонга.

Ова за него е седмо полуфинале на овој Грен слем турнир. Мареј имаше водство од 2-0 во сетови (7:6 и 6:1 во гемови), а Цонга успеа да изедначи (6:3 и 6:4), додека во решавачкиот сет беше 6:1 во гемови за Мареј. Мечот траше 3 часа и 53 минути.

Негов ривал во полуфиналето в петок ќе биде финалистот од 2010 година Томаш Бердих, кој со 3-0 во сетови го победи Лукас Пуиле.

Рожер Федерер и Милош Раониќ ќе играат во првото полуфинале откако Швајцарецот по голема борба и со пресврт успеа да го победи Марин Чилиќ, кој поведе со 2:0 во сетови. Чилиќ првите два сета ги доби со 7:6 и 6:4 во гејмови, а Федерер до полуфиналето стигна откако ги доби следните три сета со 6:3; 7:6 и 6:3 во гемови. Ова беше 10 пат Федерер од 0:2 да стигне до победа од 3:2 во сетови.

Раониќ беше подобар од Сем Квери со 3:1 во сетови (6:4; 7:5; 5:7 и 6:4 во гемови) и се избори за своето второ полуфинале на Вимблдон.

Веста е прочитана 254 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.