РОЛАН ГАРОС

ПО 16 ГОДИНИ ЦЕЛ ДЕН НЕ СЕ ОДИГРА НИТУ ЕДЕН ПОЕН

30 May, 2016 - 17:49

Првпат по 16 години еден ден нема да се игра тенис на вториот грен слем тениски турнир Отвореното првенство на Франција. Поради лошите временски услови организаторот беше принуден деветиот натпреварувачи ден комплетно да го одложи и да го презакаже за утре.

Дождот го кроеше распоредот годинава од самиот старт на Ролан Гарос. На крајот и тоа се случи идентично како на 30 мај во 2000 година кога во текот на целиот ден не беше одигран ниту еден поен.

На програмата беа закажани мечевите од осминафиналето во двете конкуренции. Свој настап требаше да имаат најдобрите тенисери во светот, Србинот Новак Ѓоковиќ и Американката Серена Вилијамс.

Веста е прочитана 290 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.