ПРВ ПОРАЗ ЗА МАКЕДОНИЈА НА СП ВО ФРАНЦИЈА

16 January, 2017 - 20:33

Македонската ракометна репрезентација ја пропушти првата од трите шанси да го резервира местото во осминафиналето на Светското првенство во Франција откако за првиот пораз беше убедливо совладана од Словенија со 2922, во третото коло од групата Б што се игра во Мец.

По двете победи во воведните две кола „црвено-жолтите“ против словенечката селекција беа немоќни да изборат позитивен резултат. Тоа се наѕираше уште во првото полувреме кога по 1:1 и 2:2, Словенија ја презема иницијативата и ја зголемуваше разликата. Веќе во 20 минута изнесуваше 11:6, а на одморот замина со резултат 16:10 во своја корист.  
На почетокот на второто полувреме избраниците на селекторот Лино Червар намалија на 11:16, но следуваше серија од три гола за словенечките ракометари. Највисоката предност на Словенците изнесуваше девет голови и тоа водство го имаа во повеќе наврати, последен пат 29:20, по што следуваа два гола на Македонците за конечни 29:22.

Најефикасен во македонскиот состав беше капитенот Кирил Лазаров со девет погодоци, Стојанче Стоилов посттигна три, Стефан Дрогришки два.

Во победничкиот тим најдобар поединец беше голманот Матеж Скок со 14 одбрани.

Веста е прочитана 678 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.