КОШАРКА

ПРВ ТРИУМФ НА ВТОРАТА ПРОВЕРКА ЗА ИЗБРАНИЦИТЕ НА РАЦА

6 August, 2016 - 19:15

Прв триумф на втората проверка за македонската сениорска кошаркарска репрезентација, која е во втората фаза од подготовките во пресрет на претстојните квалификации за Европското првенство во 2017 година.

Избраниците на селекторот Драган Раца беа подобри од домаќинот Бугарија на кого му се реваншираа за вчерашниот пораз овојпат со триумфот од 78:74, во вториот пријателски меч што се одигра повторно во Самоков.

„Црвено жолтите“ го контролираа резултатот во текот на целиот меч освен во неколку наврати кога домашната репрезентација израмнуваше, но немаше сили да направи комплетен пресврт.

Во првиот тест триумф одлична партија одигра братскиот тандем Дамјан Стојановски, кој постигна 23 поени и шест скокови, додека новиот играч на Севилја, Војдан Стојановски оствари дабл дабл или беше стрелец на 20 поени и 11 прифатени топки.

Веста е прочитана 285 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.