КОШАРКА

РАБОТНИЧКИ ГО ДЕКЛАСИРАШЕ КУМАНОВО

19 November, 2016 - 21:10

Работнички   полесно од очекувањата го доби   мечот со Кумамови кој привлече најголемо внимание во  старното коло од  новата прволигашка сезона.Во салата Градски Парк,најтрофејниот домашен  колектив го декласираше вицешампионот со  89-52. Гостите беа достоен ривал единствено во првата четвртина.Работнички ја доби со 22-20.Во вториот период, домашните изборија предност од 42-31,но дебаклот за Куманово следеше во второто полувреме.Со 29-4 , Работнилчки ја заврши  третата четвртина, а последните 10 минути со  23-12  за триумф од 37 поени  разлика. Вигинс и Мишановиќ поделија по 15 поени и беа најефикасни кај Работнички.Мираковски и Николиќ постигнаа по 12, Чекоски 11,Илиевски  заврши со 10.Кај Куманово најдобар беше Мијатовиќ со 14 коша.Вечерва се играат и другите три меча од 1.коло. Струмица со 64-57  подобра од Вардар.Охрид имаше успешно деби во најсилната домашна лига и го совлада Пелистер со 73-61 .Во Гевгелија,  Кожув загуби од Фени Индустри со   63-66 . Шампионот МЗТ Скопје и тимот на Карпош Соколи ќе се приклучат во Супер лигата, што е втор дел од првенството.

Веста е прочитана 440 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.