ПМКЛ

РАБОТНИЧКИ ПРЕСИЛЕН ЗА СТРУМИЦА

25 January, 2017 - 20:19

Работнички ја забележа осмата победа откако пред своите гледачи ја совлада Струмица убедливо со 104:64, во последниот натпревар од деветото коло во Првата македонска кошаркарска лига.

Тимот од Градски парк доминираше во текот на целиот меч без да им дозволи на гостинските кошаркари ниту во еден момент да се доближат резултатски остварувајќи ја најубедливата победа сезонава изразена со 40 поени.

Тренерскиот тандем Марин Докузовски и Перо Блажевски им даде можност на помладите кошаркари во составот. Довербата ја оправдаа, Виктор Ефремовски со 21 поени од кои пет тројки и Андреј Маслинко со ист број погодоци, а запиша и девет скокови во статистиката зад своети име. Во гостинскиот состав, Димитар Делипетров со 18 поени беше најефикасен.

Со овој триумф Работнички се врати на првата позиција со 17 бодови, исто колку што има вторпласираниот Фени Индустри. Струмица е шеста со 12 бодови.

Веста е прочитана 928 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.