КОШАРКА

РАЦА:НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЌЕ ОДИГРАМЕ ПОДОБРО

26 August, 2016 - 18:37

Националниот сениорски  кошаркарски  тим ја заврши фазата на пријателски натпревари и се фокусира кон завршниот период од подготовките за квалификацискиот циклус.Натпреварите за пласман на Евробаскетот  во 2017 година ,Македонија на домашен терен ќе ги игра во салата Јасмин во Кавадарци.

Мило ми е  што се одлучи да се игра во овој град, знам дека Кавадарци отсекогаш давал добри играчи како Врбица Стефанов, а и многу други. Ја завршивме фазата на пријателски натрпевари. Мој избор беше да играме со тие репрезентации кои не настапија на  олимписки игри, но кои се помеѓу првите пет во Европа. Мое целокупно мислење е тоа – јас сум задоволен. Во  преостанатите неколку денови потребно е  да се  подобриме во  некои сегменти .Игравме со силни репрезентации како Слвоенија, Црна Гора и БиХ. Тоа се селекции кои имаат неверојатни играчи од НБА лигата. Тоа што го работевме досега го прикажавме на терен. Нашата репрезентација е смена на генерација. Имаме и играчи кои не ни играат во клубови па така се сретнав со една поинаква атмосфера за разлика од другите селекции кои сум ги водел. Тоа беше предизвик за мене и ние успеавме да направиме атмосфера која никој не може да ја наруши која се пренесува на терен. Жално е што јас како селектор морам да им давам шанса на млади играчи што не добиваат шанса од домашните клубови. Ние сме позитивни и оптимисти. Мора да сфатиме дека секој натпревар е различен и мора на различен начин да играме. За време на подготвителните натпревари размислувавме и на тие противници и игравме како да се соочуваме со  нив. Можеби на сметка на  резултатот, но развивме атмосфера. Верувам дека ќе изиграме многу подобро на квалификациите отколку на турнирот во Македонија- изјави селекторот  Драган Раца.

 

Првиот натпревар од евроквалификациите, Македонија ќе го одигра на 31. август во Кавадарци против селекцијата на Луксембург а во групата Г  настапуваат уште Велика Британија и Унгарија.

Веста е прочитана 272 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.