ФОРМУЛА 1

РАИКОНЕН НА ПОЛ ВО МОНАКО

27 May, 2017 - 15:49

Финецот Кими Раиконен ја освои најдобрата стартна позиција за утрешната  шеста трка од Формула 1 првенството што ќе се вози во Монте Карло .Пилотот на Ферари беше најбрз во квалификациите и  до 17 пол во кариерата ,прв после 2008 година, за 43 илјадитинки го победи клупскиот колега,германецот Себастијан Фетел кој е лидер во шампионатот.Од вториот ред за Гран При трката во Монако ќе стартуваат  финецот  Валтери Ботас  од Мерцедес и холанѓанецот Макс Ферстепен во болидот на Ред Бул.Второпласираниот возач во сезоната,британецот Луис Хамилтон  не влезе во финалето на квалификациите и заврши на 14 место.

Веста е прочитана 980 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.