ФУДБАЛ

РЕАЛ-АТЛЕТИКО,МОНАКО-ЈУВЕНТУС ДВОЈКИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕ ВО ЛШ

21 April, 2017 - 14:41

Ждрепката во Нион ги одреди противниците за  полуфиналето  двете клупски конкуренции на Уефа.Во елитната Лига на шампиони првото полуфинале ќе донесе реприза од ланскиот меч за титула ,градско дерби на Мадрид во  европски  рамки,Реал-Атлетико.Можност за тимот на Диего Симеоне да се одмазди за поразите во финалето од 2016 и 2014 година  или пак прилика за Реал преку ривалот во Шпанија да се доближи на чекор  поблиску до одбрана на шампионскиот трофеј.Првиот меч ќе се игра на Сантјаго Бернабеу.Во второто полуфинале ќе се сретнат Јувентус и Монако.Италијанскиот првак кој  во 2015 беше запрен од Барселона,атакува на 3 титула и  ќе биде гостин на првиот  натпревар.Монако по трет пат во клупската историја влезе во најдобрата четворка а пред 13 години  загуби во финалето од Порто.Полуфиналните  мечеви ќе се играат на 2 и на 3 мај,реваншите на 9 и 10-ти.Финалето во ЛШ е закажано за 3 јуни во Кардиф.

Во седиштето  на Уефа беа извлечени и полуфиналните двојки за Лига Европа.Првиот фаворит за освојување на круната, Манчестер Јунајтед за противник во полуфиналето ја доби шпанска Селта која е домаќин на првиот меч со термин на 4 мај.Ајакс  и Олимпик Лион ќе бијат  двомеч за второто место во финалето.Првиот дуел  ќе се одвива во Амстердам на 3 мај .Вториот круг од полуфиналето во Лига Европа ќе се игра на 11. Финалето во оваа конкренција е закажано  во Стокхолм на 24 мај.

Веста е прочитана 1079 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.