ФУДБАЛ

Реал Мадрид ја тестира силата на Тотенхем, Наполи гостува кај Манчестер сити

17 October, 2017 - 16:08

Два натпревари отскокнуваат по атраткивноста вечерва во фудбалската Лига на шампиони во рамки на третото коло.

Реал Мадрид на  „Сантијаго Бернабеу“ го пречекува Тотенхем во дуел на двете екипи кои досега имаат максимални шест бода во групата Х. Актуелниот европски и шпански првак ќе го тестира забрефтаниот тим од Лондон, предводен од одличниот Хери Кејн. Овие два тима претходно се сретнале четири пати, а „кралевите“ имаат три победи, а еден натпревар завршил нерешено. Во елитното натпреварување играа во сезоната 2010/2011 во четвртфиналето, а Реал славеше со вкупни 5-0. Во рамки на оваа група Х, АПОЕЛ ја пречекува Борусија Дортмунд.

Второто дерби е во рамки на групата Ф, каде Манчестер сити го пречекува Наполи. Двата тима се во фантастична форма и на последните пет натпревари во сите конкуренции имаат исто толку победи. Наполи има максимални осум победи во Серија А, додека Сити исто така е на врвот во премиерлигата со седум победи и само едно реми. Овие две екипи се сретнаа во шампионската лига во групната фаза во пред шест години, а Наполи на домашен терен славеше со 3-1, а во Манчестер беше 1-1. Во истата конкуренција Феенорд му е домаќин на шахтјор.

На останатите натпревари вечерва, во групата Г, Лајпциг го пречекува Порто, Монако игра со Бешикташ, додека во рамки на групата Е, Ливерпул гостува кај Марибор, а Спартак Москва ја пречекува Севилја. 

Веста е прочитана 372 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.