ВИМБЛДОН

РЕПРИЗА НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН, КЕРБЕР СПРЕЧИ СЕСТРИНСКО ФИНАЛЕ

7 July, 2016 - 21:26

Серена Вилијамс и Анжелик Кербер ќе играат во финалето на тенсикиот грен слем турнир Вимблдон. На Централниот терен во „Сеанглискиот клуб“ Американката, која ја брани титулата на Вимблдон, во првото полуфинале без многу проблеми ја совлада Елена Веснина со 2:0 препуштајќи и само два гејма  во првиот сет. Таа се избори за своето девето финале и ќе атакува на седмата титула.

Кербер во поинтересното втото полуфинале ја победи постарата од сестрите, Венус Вилијамс со 6:4 и 6:4 во гејмови и за Германката ова ќе биде прво финале на Вимблдон.

Утре на Вимблдон се играат машките полуфинални мечеви Рожер Федерер – Милош Раониќ и Енди Мареј – Томаш Бердих.

Веста е прочитана 329 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.