РАКОМЕТ

РФМ И РАЈ НЕКАР СЕ ДОГОВОРИЈА, ТАЛЕСКИ ЌЕ ИГРА НА СП ВО АЛЖИР

28 June, 2017 - 16:12

Филип Талески ќе настапи на Светското првенство во Алжир за играчи до 21 година откако Ракометната федерација на Македионија и неговиот клуб Рај Некар Левен постигнале заеднички договор. Бундес лигашот во периодот кога се одржува мундијалот ги започнува подготовките за следната сезона и од таа причина Талески беше незивесен.

Откако дилемата е разрешена ова е добра вест за селекторот Илија Темелковски, кој од денеска на Маврово ги започна подготовките со младинците. Левиот бек ќе биде ослободен во првите два дена и веќе од сабота ќе се приклучи на тренизните со преостанатите 18 репрезентативци.

Во Маворово ќе се работи до шестти јули а потоа следуваат две контролни средби во Доха со домашната селекција на Катар (10 и 11 јули).

Светското првенство во Алжир ќе се одржи од 18 до 30 јули. Македонските надежи во првата фаза ќе играат во групата Ц заедно со Русија, Буркина Фасо, Тунис, Шпанија и Бразил.

Веста е прочитана 1971 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.