ФОРМУЛА 1

РИКИАРДО ПОБЕДИ ВО БАКУ, ТРКАТА ЈА ОДБЕЛЕЖА ИНЦИДЕНТОТ ПОМЕЃУ ФЕТЕЛ И ХАМИЛТОН

25 June, 2017 - 19:29

Возачот на „Ред Бул“ Даниел Рикиардо победи на хаотичната осма трка сезонава во формула 1 шампионатот за Големата награда на Азербејџан. Инцидентот што се случи на патеката низ улиците на Баку помеѓу конкурентите за титулата Себастијан Фетел ма „Ферари“ и Луис Хамилтон на „Мерцедес“ ја одбележа трката.

Во 21 круг откако безбедносното возило се повлече Хамилтон закочи со болидот и во него се удри Фетел. Овој потоа “збесна“ и намерно го удри со болидот. Организаторите појавија црвено знаме и ја прекинаа трката.
Борбата продолжи и во 32 круг кога стигна информација и за казната за Фетел од 10 секунди во бокс, а за Хамилтон ништо. Сепак возачот на Мерцедес имаше проблеми со болидот и Фетел без проблеми ја издржа казната и се појави пред Хамилтон на патеката.

Целата ситуација ја искористи Автралиецот Рикиардо, кој стигна до петтата победа во кариерара, прва сезонава. Второто место му припадна на Финецот Валтери Ботас на „Мерцедес“, кој пред целта го мина Канаѓанецот Ленс Строл на „Вилијамс“. Фетел заврши на четвртото место, а Хамилтон петти.

По осум трки Фетел е прв во генералниот пласман со 153 бодови, Хамилтон има 139. Во пласманот за конструктори „Мерцедес“ води со 250 бодови, пред „Ферари“ со 226.

Формула 1 првенството продолжува за две недели на деветти јули кога ќе се вози за ГН на Австрија.

Веста е прочитана 2032 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.