ТЕНИС

РИМ: ЃОКОВИЌ ГО ПОБЕДИ НАДАЛ ЗА МЕСТО ВО ПОЛУФИНАЛЕ

13 May, 2016 - 20:02

Новак Ѓоковиќ вечерва  ја забележа 26 победа од 49-те   меѓусебните дуели  со Рафаел Надал и  се пласираше во полуфиналето на  тенискиот Мастерс турнир во Рим.

 

После  голема борба и одличен тенис,водечкиот светски играч  славеше во два сета со 7-5 и 7-6.За место во финалето,Ѓоковиќ   го очекува победникот од четврфиналниот меч меѓу Кеи Нишикори и Доминик  Тим.Претходно, првата полуфинална двојка на турнирот вреден 2 милиони и 400 илјади  евра, ја формираа Мареј и Пуј.Енди Мареј го совлада Давид Гофан со 6-1 и 7-5,додека французинот  Лукас Пуј без борба влезе помеѓу најдобрата четворка.Неговиот противник  Хуан Монако, го предаде мечот поради повреда на левиот колк.  

Веста е прочитана 267 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.