ОДБОЈКА

РИСТОСКИ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ ЗА ЕВРОПСКАТА ЛИГА

12 May, 2015 - 17:20

Нашата машка одбојкарска репрезентација под водтство на селекторот Жарко Ристоски, на 1.јуни во Маврово ги почнува подготовките за натпреварите од Европската лига.

 

 

На списокот конкурираат 16 одбојкари, воглавно интернационалци.Ново име е Перо Стојчев од ОК Сушица.

ФилипДеспотовски, ЃорѓиЃорѓиев (техничари), ЈовицаСимовски, НиколаЃорѓиев (коректори), ВладоМилев, ВукКарановиќ, АлександарЉафтов, МарјанУрдов,ПероСтојчев,(универзалци), ЃокоЈосифов, РистоНиколов, РистоКлопчевски, ФилипМаџунков, ЗоранЃорѓевски (средениблокери), ВасеМихаиловi ДаркоАнгеловски на позиција  либеро.

 

 Македонија е дел од А групата и Европската лига ја почнува  на 10.јуни  со двомеч  кај Естонија.Потоа, следуваат дуелите на домашен терен со Израел,Данска и Австрија и во месец август гостувањето кај Полска. 

Веста е прочитана 154 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.