ОДБОЈКА

РИСТОСКИ ГО ИСТАКНА СПИСОКОТ ЗА ПОДГОТВКИТЕ ВО МАВРОВО

9 May, 2016 - 19:33

Македонската машка одбојкарска репрезентација на 16 мај ќе ги почне подготовките за Еврпската Лига и за квалификациите  од континенталниот  шампионат во Полска  што ќе  се одржи во  2017 година.

 

Селекторот на одбојкарската репрезентација на Македонија, Жарко Ристоски го истакна поширокиот список од 21 играч за  подготвките  кои почнуваат на 16 мај во Маврово.Половина од  повиканите одбојкари  се интернационалци.

Во Европската лига,составот  што го предводи Ристовски, лани ја освои  вицешампионската титула.Оваа сезона Македонија во првата фаза е во група со Бугарија,Албанија и Данска.Преку двата турнира во Варна  од 10 до 12 јуни и во Скопје од 17 до 19 наредниот месец ,одбојкарите имаат за цел пласман на едно од првите место што водат  до Фајнл фор турнирот со најдобрите две селекции од другата група.Во месец септември,македонската селекција ја очекуваат квалификациите за ЕП што ќе се одржи во 2017 година во Полска.Националниот тим е во конкуренција на Чешка,Романија и на  Естонија.  

 

Веста е прочитана 279 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.