ФОРМУЛА 1

РОЗБЕРГ БЕШЕ ПОБРЗ ОД ХАМИЛТОН, ЌЕ СТАРТУВА ОД ПОЛ-ПОЗИЦИЈА ЗА ГН НА ГЕРМАНИЈА

30 July, 2016 - 16:25

Германецот Нико Розберг ќе стартува од пол-позицијата на утрешната 12 трка сезонава во формула еден шампионатот што ќе се вози за Големата награда на Германија. Возачот на Мерцедес пред домашната публика победи на официјалните квалификации, а извозе за 107 илјадитинки побрз круг од тимскиот колега Британецот Луис Хамилтон. Розберг го обезбеди петтиот пол сезонава или вкупно 27  во  кариерата.

За вториот ред се изборија пилотите на Ред Бул. Австралиецот Даниел Рикиардо беше трет, додека Холанѓанецот Макс Верстапен го освои четврото место.

Потфрли двоецот на Ферари бидејќи го обезбедија третиот ред. Финецот Кими Раиконен ќе стартува од петата позиција, а Германецот Себастијан Фетел од шестата.

Во пресрет на трка за Големата награда на Германија, во Генералниот поредок кај возачите, актуелниот првак Хамилтон, кој победи на последните пет од шест натпревари, води со 192 бода, пред Розберг со 186 и Рикиардо со 115.

Веста е прочитана 248 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.