ФОРМУЛА 1

РОЗБЕРГ НА ПОЛ ПОЗИЦИЈА ВО КИНА,ХАМИЛТОН ПОСЛЕДЕН

16 April, 2016 - 16:05

Возачот на Мерцедес, Нико Розберг, ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трета  трка од Шампионатот во Формула 1 што ќе се вози за Големата награда на Кина.

На денешните квалификации побеедникот на првите две трки од сезоната, оствари најдобро време со резултат 1:35.402 минути. Од првиот ред, веднаш до Розберг ќе тргне Даниел Рикардо од Ред Бул.Зад нив е двоецот на Ферари, Кими Раиконен и Себастијан Фетел.

Од третиот ред ќе стартуваат Валтери Ботас (Вилијамс) и Данил Квајт (Ред Бул).

Акуелниот шампион и тимски колега на Розберг, Луис Хамилтон ќе стартува од последната позиција, затоа што денеска поради технички проблеми со болидот не можеше да се бори за што подобро место за стартот на утрешната трка.

Веста е прочитана 288 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.