ФОРМУЛА 1

РОЗБЕРГ НА ПОЛ ПОЗИЦИЈА ВО СПА

27 August, 2016 - 19:28

Нико Розберг ја искористи казната на клупскиот колега  од Мерцедес,Луис Хамилтон и ја освои пол позицијата на Спа  каде утре ќе се вози  Гран При  на Белгија,  13 трка од сезоната во Формула 1 .До 28 пол во кариерата,6-ти сезона и трет во низ, Розберг стигна со предност од една и пол десетинка  пред  холанѓанецот Макс Ферстапен од Ред Бул.Вториот стартен ред за утрешната трка го пополнија возачите на Ферари,финецот Кими Раиконен и германецот Себастијан Фетел.Даниел  Рикардо од Австралија од екипата на Ред Бул  и мексиканецот Серхио Перез во болидот на Форс Индија ги освоија следните две позиции и го комплетираа третиот стартен ред.Актуелниот шампион и лидер во поредокот на возачи,британецот Луис Хамилтон поради промена на моторот и на турбо полначот заработи казна и  ќе стартува од последниот ред во друштво на екс шампионот Фернадо Алонсо од Мекларен кој имаше слични подблеми со болидот за време на слободните тренинзи.Во пресрет  на 13 -та од вкупно 21 трка, Хамилилтон има 217 бодови,19 повеќе од Розберг.  

Веста е прочитана 294 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.