ФОРМУЛА 1

РОЗБЕРГ НА ПОЛ ПОЗИЦИЈА ВО УНГАРИЈА

23 July, 2016 - 16:30

Нико Розберг со осојување на пол позиција на Хунгароринг го прослави продолжувањето на договорот со шампионскиот тим на Мерцедес.Германскиот возач постави најдобар резултат на денешните квалификации за Унгарското Гран  При што е 11 трка од сезоната во Формула 1. Розберг успеа да го победи клупскиот колега Луис Хамилтон во последните секунди од сесијата  што беше  пролонгирана  поради силниот дожд.Во продолжение од официјалниот тренинг,актулениот шампион беше блиску до  третиот по ред пласман на пол позиција и седми сезонава,но излетувањето на Алонсо  го прекина неговиот брз круг во финишот.Од вториот ред на Унгарското Гран При ќе стартува двоецот на Ред Бул,во поредок Даниел  Рикиардо и Макс Ферстапен,од третиот,Себастијан Фетел на Ферари и Сајнц Јуниор од екипата на Торо Росо.Во пресрет на утрешната трка,Розберг има само еден бод повеќе од Хамилтон.

Веста е прочитана 278 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.