ФОРМУЛА 1

РОЗБЕРГ НА ПОЛ ВО СОЧИ

30 April, 2016 - 16:17

Пол позицијата за четвртата трка од Формула 1 шампионатот ја освои Нико Розберг.Германецот во болидот на Мерцедес беше најбрз  во квалификациите на патеката во Сочи каде утре ќе се вози ГН на Русија.Актуелниот шампион, Луис Хамилтон кој иако успеа да обезбеди пласман во финалната квалификациска сесија поради проблеми со менувачот ,ќе стартува   од 10. место. Казна од пет места наназад поради промената на менувачот заработи и Фетел кој за време на квалификациите беше втор со заостанување од  17 стотинки зад  Розберг.Валтери Ботас ќе го дополни првиот ред, зад него и Розберг ќе бидат Раиконен и Маса. 

Веста е прочитана 272 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.