ФОРМУЛА 1

РОЗБЕРГ НА ПОЛ ЗА ЕВРОПСКОТО ГП ВО БАКУ

18 June, 2016 - 21:46

Нико Розберг ќе стартува од полпозицијата на утрешната осма трка од формула еден шампионатот што ќе се вози во Баку за Големата награда на Европа. Возачот на Мерцедес, кој е лидер во генералниот пласман, победи во квалификациите откако за 25 прво место во кариеррата возеше побрз круг за нешто помалку од една секунда од Мексиканецот Серхио Перес на Торо Росо.

Австралиецот Даниел Рикиардо на ред бул беше трет додека четврто време имаше Германецот Себастијан Фетел на Ферари. 

Актуелниот првак Британецот Луис Хамилтон на Мерцедес, европското гран при ќе го стартува од 10 место поради тоа што го удри неговиот болид пред крајот квалификациите. 

Веста е прочитана 254 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.