ФОРМУЛА 1

РОЗБЕРГ НАЈБРЗ И НА ПАТЕКАТА ШАКИР

3 April, 2016 - 22:37

Возачот на Мерцедес, Нико Розберг, триумфираше и на втората трка од новиот шампионат во формула 1, што се возеше за Големата награда на Бахреин.

Германецот ја обезбеди 16 победа во каеиррата а вкупно петта заедно со тритте од крајот на минатата сезона. Розберг во текот на целата трка се наоѓаше во водство со исклучок кога ги менуваше гумите.

Второто место му припадна на Финецот Кими Раиконен на Ферари, додека на третата позиција заврши светскиот првак, Британецот Луис Хамилтон на Мерцедес. Хамилтон ја имаше пол позицијата, но не успеа да ја искористи откако имаше проблеми на стартот.

Хендикеп на оваа трка имаше и Себастијан Фетел на Ферари, кој поради проблеми со моторот за време на загревачкиот круг мораше болидот да го паркира крај патеката.

Во генералниот пласман Розберг води со максимални 50 бодови, пред Хамилтон со 33.

Кај конструкторите води Мерцедес со 83 бодови, а Ферари е втор со 33.

Следната трка ќе се вози за две недли во Шангај за Големата награда на Кина.

Веста е прочитана 314 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.