ГН АВСТРИЈА

РОЗБЕРГ НАЈБРЗ ВО ШПИЛБЕРГ, СУДАР НА РАИКОНЕН И АЛОНСО

21 June, 2015 - 19:00

Возачот на Мерцедес Нико Розберг третпат славеше сезонава на осмата трка во формула 1 шампионатот што се возеше на патеката „Ред Бул Ринг“ во Шпилберг за Големата награда на Австрија. Германецот за 11 триумф во кариерата се избори уште на стартот во првиот свиок кога го мина тимскиот колега Британецот Луис Хамилтон и предноста ја сочува до самиот крај на трката.

И покрај казната од пет секунди за минување преку линија по излегување од боксот, второто место му припадна на актуелниот првак Хамилтон а трет низ целта мина Бразилецот Фелипе Маса на Вилијамс. Себастијан Фетел на Ферари го освои четвртото место, додека Фиенцот Валтери Ботас на Вилијамс беше петтопласиран.

Трката ја одбележа и сударот помеѓу Кими Раиконен (Ферари) и Фернандо Алонсо (Мекларен), но и двајцата останаа неповредени со оштетувања на болидите.

Со денешниот триумф Розберг ја намали разликата во генералниот пласман во однос на Хамилтон на 10 бодови.

Следната трка ќе се вози по две недели на петти јули на патеката „Силверстоун“ за ГН на Велика Британија.

Генерален пласман - возачи:

1. Хамилтон 169 бодови

2. Розберг 159

3. Фетел 120

Конструктори:

1. Мерцедес 328

2. Ферари 192

3. Вилијамс 129

Веста е прочитана 225 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.