ФОРМУЛА 1

РОЗБЕРГ ПОБЕДИ И НА ТРКАТА ВО КИНА

17 April, 2016 - 15:06

Возачот на Мерцедес Нико Розберг триумфираше на трката за ГН На Кина што е трета победа во низ на германецот оваа сезона во Формула 1 шампионатот.Розберг кој стартуваше од пол позиција на патеката во Шангај , финишираше на 1.место после 56 кругови пред сонародникот Себастијан Фетел во болидот на Ферари.Третата позиција на подиум ја освои русинот Данил Квјат на Ред Бул.За Нико Розберг кој победи на сите три трки од сезоната, денешното 1.место беше 6 во низ од финишот на мината година и вкупно 17-ти  Ф1 триумф ,со што го престигна Стирлинг  Мос како пилот со најмногу победи а без шампионски наслов во кариерата.Актуелниот првак Луис Хамилтон кој трката во Кина ја почна од последниот ред поради проблеми со болидот на квалифиакциите,заврши на 7.позиција.Во пресрет на Гран При викендот во Сочи и трката закажана за 1.мај,Розберг во поредок на возачи има максимални 75 бодови пред Хамилтон со 39 и Рикјардо со 36 бода.

Веста е прочитана 363 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.